| MK | EN | AL |
..
ЛИЧНА КАРТА НА ОПШТИНАТА ИСТОРИЈА ИНФРАСТРУКТУРА ЕКОНОМИЈА КУЛТУРА УМЕТНОСТ ЗА ОПШТИНАТА
19.04.2011 9:42

ОПШТИНА КИЧЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИЧЕВО

Градоначалник на Општина Кичево е:
Г-дин Благоја Деспотоски

Благоја Деспотоски е роден на ден 21.07.1958 година во Кичево.

Основно образование завршил во ОУ "Кузман Јосифоски - Питу" во Кичево, додека средното образование го завршил во УЦСО "Мирко Милески" во Кичево.

Во 1984 година дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје на насоката Енергетика - електростопанство.

Од 1985-1989 година работи во Дистрибуција Кичево како раководител на инвестиции и развој, а потоа и управник на Дистрибуција Кичево.

Од 1989-1999 година работи во МВР Кичево како инспектор за заштита од пожари каде е и претседател на Противпожарниот Сојуз.

Од 1999-2002 година е Генерален директор на РЕК Осломеј;

Од 2002-2009 год. е одговорен инженер на БТО систем во Рудник Осломеј;

Потпретседател е на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Македонија.

-----------------------------------

СЕКРЕТАР НА ОПШТИНА КИЧЕВО

Секретар на Општина Кичево е:
Г-дин Рамиз Реџепи

Рамиз Реџепи е роден на ден 29.12.1976 година во Колари.

Основно образование завршил во ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во Зајас, додека средното образование го завршил во УЦСО „Мирко Милески“ во Кичево.

Дипломирaл на правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.

Бил Советник во Советот на Општина Зајас.

Од 2007 година е вработен во Општина Зајас. Бил раководител на Одделението за нормативни правни работи и општи дејности.

Раководел со многу реализирани проекти во Општина Зајас. Еден од најзначајните проекти кои ги координирал е проектот за подобрување на енергетската ефикасност на училиштата во Општина Зајас.

Од 1 април 2011 година е Секретар во Општина Кичево.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КИЧЕВО

Советот на Општина Кичево го сочинуваат членовите:

1
Џехат
Јашари
ГРУПА ИЗБИРАЧИ Џ.Ј.
2
Идавер
Реџепоски
ПЦЕР
3
Ѓорѓија
Сајкоски
ВМРО-ДПМНЕ
4
Владимир
Степаноски
ВМРО-ДПМНЕ
5
Сузана
Тасевска
ВМРО-ДПМНЕ
6
Добре
Цветаноски
ВМРО-ДПМНЕ
7
Ештреф
Чукески
ВМРО-ДПМНЕ
8
Снежана
Ристеска
ВМРО-ДПМНЕ
9
Умер
Ејуб
ВМРО-ДПМНЕ
10
Дејан
Костески
ВМРО-ДПМНЕ
11
Валентина
Јосеска
ВМРО-ДПМНЕ
12
Кристина
Наќеска
ВМРО-ДПМНЕ
13
Рајна
Алексоска
СДСМ
14
Горан
Трипуноски
СДСМ
15
Владо
Новески
СДСМ
16
Адем
Карага
ДУИ
17
Дашмир
Лимани
ДУИ
18
Љупче
Петкоски - Шеќерко
ГРУПА ИЗБИРАЧИ Т.Ѓ.
19
Зоран
Миладиноски
ЛДП

 

ОПШТИНА КИЧЕВО

Број на жители:
30.138
Села:
6
Површина:
49 км2
Ден на општината:
11 Септември

Македонци:
53.55%
Албанци:
30.53%
Турци:
8.06%
Роми:
5.41%
Власи:
0.25%
Срби:
0.29%
Бошњаци:
0.02%
Останати:
1.89%

 

ОПШТИНА КИЧЕВО - АДМИНИСТРАЦИЈА

Вкупно вработени во Општина Кичево: 66

Структура по образование:
ОСС: 6; ССС: 28; ВШС: 6; ВСС: 24; МР: 2

Структура по етничка припадност:
македонци: 56; албанци: 6; турци: 4;

Структура по родова застапеност:
мажи: 33; жени: 33;

СЕКРЕТАР НА ОПШТИНА: Рамиз Реџепи

ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР: М-р Снежана Јончиќ

СЕКТОРИ:
Сектор за урбанизам, комунални дејност и заштита на животната средина
- Раководител: Вјолца Абази
Сектор за финансии
- Раководител: Мара Мишкоска
Сектор за правни и општи работи
- Раководител: Марјан Димоски

ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА - КИЧЕВО
КОМАНДИР: Горан Соколески
Вкупно вработени: 19
Структура по образование: ССС: 17; ВШС: 2

ажурирано: 15.04.2011 15:15

 

Copyright © 2010 Општина Кичево. All Rights Reserved

Free Hit Counter Code