Прва страна
 
..
 
 



Едношалтерски систем

Нема повеќе чекање по шалтерите за подигање формулар. Сите обрасци се достапни

ТУКА


   

On-line формулари

За да ве има во базата на податоци за град Кичево, треба да го пополните следниов формулар:

ЗА ФИРМИ

ЗА ЈАВНИ УСТАНОВИ
   
Совет на Општина Кичево

За активностите на Советот на Општина Кичево, Седници на Совет, Службени гласници...

ТУКА
   
   
     

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Куќа на Уметноста

Секоја година традиционално во Куќата на Уматноста се одржува интернационална ликовна колонија со голем број на уметници од земјава како и од странство. Куќата на уметноста е во сопственост на А.Д. „Тајмиште“ под чие покровителство се одвива овој голем уметнички и ликовен настан. На уметниците кои творат на оваа ликовна колонија им се обезбедени идеални услови за работа во една природна идила и во објект со кој се гордеат сите жители на градот Кичево. Нивните творби во текот на двонеделниот престој во Куќата на Уметноста во текот на работата како и после завршувањето на колонијата можат да го видат многу љубители на уметноста во градот и овој настан претставува една голема промоција на градот Кичево како град со голем уметнички дух.

куќа на уметноста
куќа на уметноста

 

Куќата на Уметноста се наоѓа во близина на манастирскиот комплекс св. Ѓорѓија во близина на селото Кнежино, а е оддалечено од градот околу 3-4 километри. Се стига по асфалтиран пат а се поминува покрај угостителскиот објект Крушино и манастирскиот комплекс св Ѓорѓија. Местото е идеално за сите оние кои се љубители на природата. Па заради тоа и не изненадува фактот дека куќата на уметноста е често домаќин на разни семинари, работилници, манифестации итн.

  Copyright © 2006 Општина Кичево. All Rights Reserved