 |

|
Едношалтерски систем
Нема повеќе чекање по шалтерите за подигање формулар. Сите обрасци се достапни
ТУКА
|

|
| |
|

|

|
On-line формулари
За да ве има во базата на податоци за град Кичево, треба да го пополните следниов формулар:
ЗА ФИРМИ
ЗА ЈАВНИ УСТАНОВИ |
| |
|
 |
Совет на Општина Кичево
За активностите на Советот на Општина Кичево, Седници на Совет, Службени гласници...
ТУКА |
| |
|
| |
|
| |
|
|
|
 |
|

Авто-мото спорт
....Кружната патека "Кичево" се наоѓа во предградието на Кичево. Должината на еден круг изнесува 2.100 м, а просечната ширина на патеката е 8,5 м. Со патеката стопанисува Авто - мото клубот "Ноќен Јавач" од Кичево.
....За време на тренинзи и трки патеката е затворена за секаков сообраќај на возила и пешаци. На патеката се вози лев круг. Во тек е изработка на Проект за преуредување на патеката со ширина од 15 метри и должина од 30 метри и безбедносни зони од страните и пратечки објекти со цел да можат да се одржуваат и европски натпревари во мотоциклизам.

....Организатори на натпреварите се Авто - мото клубот "Ноќен јавач" од Кичево и Авто - мото сојузот на Македонија.
Фудбал
....
Фудбалскиот клуб "Напрeдок" од Кичево е формиран во далечната 1928 година. Во богатата историја на клубот поминале многу генерации кои оставиле белег на одлично организиран клуб, а во клубот играле и играат фудбалери од сите националности: македонци, срби, турци албанци, роми, власи и др.
....
Навистина вистинско задоволство е да се следат натпреварите на градскиот стадион во Кичево. Отсекогаш фудбалот во Кичево имал и има верна публика која во сите рамкови на натпреварувања го бодри Напредок. Фудбалскиот клуб "Напредок" од Кичево се натпреварува во првата Македонска лига каде што забележува солидни резултати со што им ги полни спортските души на верните љубители на фудбалот.
.gif) |
 |
....
Во фудбалскиот клуб "Напредок" од Кичево, се натпреваруваат пет селекции. Сениорската екипа брои над 30 фудбалери, младинската екипа исто така има 30 фудбалери, кадетската екипа 30 фудбалери, пионерската екипа над 30 фудбалери и најмладите пионери со над 70 членови.
....
Кичевчани се горди што во фудбалскиот клуб активно се натпреваруваат над 200 фудбалери што потврдува дека фудбалот во Кичево е еден од водечките спортови.
Гимнастика
....Едно од најстарите спортски друштва кои се формирани во Кичево после Втората светска војна е друштвото за гимнастички спортови Божидар Гаврилоски - Бошко. Најголеми успеси друштвото бележи во 1997/98 кога во екипна конкуренција станува севкупен победник во Република Македонија.
....
Во поединечна конкуренција, пионерката на ова друштво, Кристина Биткоска на Државното првенство што се одржа во Кичево во 1998 година го освои високото второ место.
...
Карате
....Карате спортот во кичево е присутен повеќе од две децении, со формирањето со градскиот карате клуб - Кичево. Покрај овој карате клуб постојат уште два активни клуба и тоа карате клуб Ипон и карате клуб Ринија. Членувањето и натпреварувањето во карате клубот во Кичево отсекогаш побудувало голем интерес особено кај училишната младина. Според постигнатите резултати во карате спортот во изминатите години се издвоијаат резултатите во поединачна конкуренција. За одбележување се поединечните резултати на таткото и синот, Лазе и Златко Стојаноски членовите на карате клубот Ипон. Првиот на поединечното првенство во Германија во натпревари над 80 килограми го освои второто место и сребрениот медал.
 |
.gif) |
....Додека помладиот член на фамилијата Стојаноски на европското кадетско првенство што се оддржа во Скопје, во 1998 година во дисциплината спортска борба во пионерска конкуренција го освои второто место. Исто така огромен успех имаат постигнато и каратистите на карате клубот Кичево. Во 1997 година во европските купови во Лисабон и Москва, пионерот Алими Визар во категорија кати го освојува второто односно четвртото место.
...
Кошарка
....Kошаркарскиот клуб од Кичево до пред некоја година се натпреваруваше во западната зона на Република Македонија.
За жал, и покрај неколкуте иницијативи за негово повторно формирање, тоа сеуште не е направено.

Одбојка
....Одбојкарскиот клуб Кичево, се натпреваруваше во првата мекедонска лига, што значи се наоѓаше на врвот на македонската одбојка. Успеваше да опстане четири сезони во најелитното друштво. Тренинзите се одвиваа под отежнати услови и тоа во салата на гимназијата Мирко Милески. Само добрата воља не е секогаш доволна за да се опстане. Финасиските проблеми привремено победија и моментално во Кичево не постои одбојкарски клуб.

Ракомет
....Ракометниот спорт во Македонија, а со тоа и во Кичево, се појавува во педесетите години од минатиот век. На почетокот се применува таканаречениот голем ракомет кој што се игра на фудбалското игралиште во Кичево. Нешто подоцна се појавува малиот ракомет кој со брзината и динамичноста по многу нешто се разликува од големиот ракомет и привлекува огромен број на млади луѓе. Основоположници на ракометната игра во Кичево се наставниците по физичка култура Славе Димитриоски и Томислав Павичиќ - Томче.
....Во почетокот на седумдесетите од минатиот век, двете ракометни екипи на Ракометниот Клуб - Кичево, машката и женската, успеаја да се квалификуваат за најквалитетните ракометни лиги.
 |
.gif) |
.....Со изградбата и пуштањето на салата Јанчица во 1986 година, се создадоа подобри услови за развој на ракометниот спорт во Кичево.
....
Посебно женката екипа, сега под името КАЛЕ, во последните сезони бележи огромни успеси во Првата лига на Македонија, каде, во неколку наврати, успеваше да се пласира во европските купови. Во чест на големиот спортски работник Томислав Павичиќ се одржува и тадиционален турнир секоја година. Во него земаат учество најдобрите екипи од Македонија, како и некои поканети екипи од странство.
Стрелаштво
....Во далечната 1948 година, од група ентузијасти, старешини на некогашната ЈНА, се формираат првите стрелачки дружини во градот и околината. Во почетокот натпреварите се одржуваа со воздушно оружје за подоцна во 50-тите години од минатиот век да се организираат натпревари и со огнено оружје..
....
За пресвртница во стрелачкиот спорт во Кичево може да се смета далечната 1978 година со учеството на републичко првенство за пионери и пионерки со малокалибарска пушка што се оддржа во Крушево, каде сите први места во поединечна и екипна конкуренција ги освоија пионерите од Кичево.

....
Круна на овие постигнувања во тој период во стрелаштвото во Кичево, и плод на успешната работа со стрелците кои се натпреваруваа со воздушно оружје и малокалибарско оружје се два државни рекорди. Првото место на Државниот натпревар што се оддржа во Охрид, со нов државен рекорд го освои пионерката Ѓузида Усеиноска, а две години подоцна исто така на Државното првенство овојпат во Зеница го освои Маја Софрониоска и стана нов државен првак во пионерска конкуренција.
....
И во дисциплината воздушен пиштол - меѓународна конкуренција, екипата на Кичево во состав: Ирена Сталеска, Катерина Кипроска и Биљана Станкоска во натпреварувачките сезони 1996, 1997 и 1998 година во лига натпреварите, Куп натпреварите како и на Државните првенства редовно ги освојуваа првите места.
....
За одбележување е поставениот Државен рекорд на Ирена Сталеска постигнат во 1997 година, со 372 круга и со тој резултат ја исполни Олимписката норма.
....Така со право може да се рече дека стрелачкиот спорт е најтрофеен спорт во Кичево.
|