|
||||||||||||||||||||||||||||
|
СОВЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ОПШТИНА КИЧЕВО
Со поддршка на GTZ (Германското друштво за помош и техничка соработка) и ОПМ, Општина Кичево работи на реализација на проектот „Помош на единиците на локалната самоуправа во востановување систем за заштита, информирање и едукација на граѓаните – потрошувачи во функција на остварување на нивните права во процесот на децентрализација во Република Македонија“. Согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија и превземените обврски за усогласување на законската регулатива на Република Македонија со соодветната на Унијата се јавува и потребата од поголема заштита и унапредување на правната сигурност на потрошувачите, преку усогласување на законската регулатива и водење на соодветна потрошувачка политика. Се очекува потрошувачката политика да обезбеди подобар квалитет на производите и услугите, силна позиција на потрошувачите на пазарот преку нивна едукација, наверемено и вистинито информирање, силна и фер конкуренција на пазарот, а со тоа и подобар квалитетот на животот на граѓаните. Потребата од обезбедување на конзистентна заштита на интересите на потрошувачите во рамките на едниците на локалната самоуправа добива на значење особено со имплементацијата на процесот на децентрализација. Цели на Проектот:
Подетални информации може да се добијат со посета на линкот на Организацијата на потрошувачите на Македонија http://www.opm.org.mk |
|||||||||||||||||||||||||||
| Copyright © 2006 Општина Кичево. All Rights Reserved | ||||||||||||||||||||||||||||