|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ЛИЧНА КАРТА НА ОПШТИНА КИЧЕВО | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Местоположба
Кичевскиот регион се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска планина а на источната страна допира со северниот дел на Порече. ![]() ..... Со новата територијална поделба од 1996 година Кичевскиот регион е поделен на 5 општини: Општина Кичево, Општина Другово, Општина Зајас, Општина Осломеј и Општина Вранештица.
Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри. Што се однесува до површината, Кичево покрива најмал дел во споредба со другите општини, односно 49 км2, што претставува 5,9% од вкупната површина во кичевската котлина. Според бројот на жители, Кичево е најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот. Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-Енергетскиот комбинат "Осломеј" кој е со капацитет од 660.000 квч годишна продукција и е прв објект од ваков вид изграден во Република Македонија. Патната поврзаност на Кичевскиот регион со другите региони од Републиката е добра, и покрај планинското опкружување на регионот. Со Скопје регионот се поврзува со регионалниот пат Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје. На јужната страна од Кичево се наоѓа патна крстосница која води кон три правца. Едниот правец води кон Охридско-струшкиот туристички регион, другиот правец преку Сопотница и Демир Хисар води кон Битола, а третиот преку Македонски Брод и Поречјето кон Прилеп. Исто така кон Скопје постои и железнички сообраќај преку железничката линија Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје. Значи Кичевскиот регион комуникацииски е добро поврзан со сите позначајни центри во Републиката .
Демографската структура на населението во Општина Кичево е мошне разновидна и интересна. Според пописот на населението во 2002 година Општина Кичево има 30.138 жители, односно се забележува пораст на населението од 9,42% во однос на претходната 1994 пописна година. Густината на населението изнесува 615,1 жители на 1 км2. 60% од населението е автохтоно, а од доселените жители во местото на вообичаено живеење 6,5% од друго место на истата општина (миграција село-град), 86,9% доаѓаат од друга општина, а 6,6% се доселени од друга држава. Особено важен демографски податок е половата структура на населението. Во Општина Кичево, во 2002 година разликата во бројот меѓу машкото и женското население не е голема. Бројот на машката популација изнесува 15.143 што претставува 50,2% од вкупното население во општината, додека пак женското население е застапено со 14.995 или 49,8%. Стапката на фертилитет во 2002 година изнесува 1,16. Просечната возраст на жените при раѓање е 25,9 години. За оценка на природниот прираст на населението, како и за застапеноста на работоспособното или активно население, потребно е добро познавање на старосната структура на населението. Според пописот од 2002 година, просечната возраст на населението во Општина Кичево е 33,9 години. Младото население до 20 години е застапено со 30,6%, застапеноста на населението помладо од 40 години е 61,4%, додека пак ѓраѓаните со или над 60 години опфаќаат 12,6% од населението во општината. За учеството во вкупното население на основните функционални старосно-полови контингенти, бројките ни ја даваат следната слика.
Во периодот од 1994 до 2002 година настанале одредени промени во бројниот однос на населението според националната припадност. Меѓутоа и во едната и во другата пописна година преовладува бројот на македонското население, а пораснал и бројот на албанската популација. Бројот на останатите етнички заедници е сличен во двете пописни години. Во 2002 година македонското население брои 16.140 жители што претставува 53,6% од вкупното население во општината. Во истата година албанското население брои 9.202 жители или 30,5% од вкупното население. Другите националности се помалку застапени. Турците бројат 2.430 жители или 8,1%, ромската популација е застапена со 5,4% односно бројка од 1.630 жители, 76 лица се изјасниле како Власи односно тие се застапени со 0,3%, бројот на Срби во општината изнесува 86 што претставува 0,3%, како Бошњаци се изјасниле 7 лица, а на останатото население припаѓа бројка од 567 жители или 2,1%. Од следните броеви може да се види стуктурата на домаќинствата и семејствата
во Општина Кичево. Во 2002 година во општината живеат 8.482 семејства со 28.366 членови на
семејства или просечен број од 3,3 членови во едно семејство. Образованието на населението е уште еден многу значаен фактор кој влијае на севкупниот развој на стопанството. Анализирајќи го овој фактор во целиот регион, општиот впечаток е дека степенот на образованието на населението во регионот е на ниско ниво. Ако се земе по Општини покарактеристични показатели за нивото на образование на населението се следниве. Во Општина Кичево, ако го земеме градот Кичево како урбано место, од вкупното население, 21,1% се без школска подготовка и со нецелосно основно образование, само со основно образование се дури 33,2%, со средно образование се 35,2% и со вишо и високо образование се 8,5%. Во Општина Другово на лица без школска подготовка и на лица со завршено основно образование отпаѓаат 72,6%. Во Општина Зајас на лица со незавршено основно образование отпаѓаат 47,8% а на лица со завршено основно образование отпаѓаат 39,7% (вкупно 87,5%), во општина Осломеј на лица без школска подготовка и на лица со основно образование отпаѓа 86,3%што значи најголем дел од населението потпаѓа под овие категории, и имајќи го во предвид фактот дека во овие Општини голем дел од населението отпаѓа на младо население, факторот образование зазема загрижувачки размери. Во Општина Вранештица на наведените категории (без образование и со основно образование) отпаѓа 77,7% од населението. (Напоменуваме дека во сите анализи е земано населението постаро од 15 години). Анализата покажува крајно неповолна структура на степенот на образование на населението во регионот. Тоа е фактор кој делува исто така ограничувачки на развој на стопанството во регионот. Едукацијата на населението преку посебни програми и проекти за извршување на одредени стопански активности е неопходна во функција на развој на стопанството во регионот.
Кичевскиот регион се наоѓа под влијание на топло континенталната и планинската клима. Зоната на влијание на топло континенталната клима во Република Македонија е во висински појас од 600 до 900 м н.в. што значи во ова климатско подрачје во Кичевскиот регион се наоѓа градот Кичево и поголем дел од населените места, а планинските подрачја се под влијание на планинската клима.
Годишната средна температура во потесното градско подрачје изнесува 10,7 С при што апсолутниот месечен максимум на температурата изнесува 40,5 С додека апсолутниот месечен минимум изнесува - 23 С. Средната годишна максимална температура изнесува 17,1 С, а средната годишна минимална температура изнесува 5 С.
Исто така постојат услови за одгледување и на оревот и костенот. Ограниченоста на површините кои се наводнуваат и слабата количина на врнежи во последните години делуваат негативно на развојот на јаболчестите видови на овошки. Јаболката, па и крушата бараат висока влажност на воздухот и многу вода па затоа условите за нивно одгледување се најповолни покрај реките, водотеците и на површини кои се под систем за наводнување. Црешата и вишната се овошни видови кои не се многу прибирливи во однос на климатските услови и успеваат и на поголеми надморски височни што е многу значајно за регионот со оглед на неговата надморска височина.
И покрај релативно добрите услови за одгледување на повеќе овошни видови, овоштарството во регионот во овој момент не претставува позначајна земјоделска гранка. На тоа влијае пред се слабата организираност на производството и пласманот, во однос на "специјализираните" региони за одредени овошни видови (а во кои постојат и релативно подобри услови за одгледување на тие овошни видови). Сегашната состојба со овоштарството во Кичевскиот регион (во кој под овоштарство постојат само 75 хa) покажува за стагнацијата на оваа земјоделска гранка во регионот. Споредбата со состојбата од пред десетина години кога под јаболка имаше околу 400 ха и под вишна околу 200 ха ја покажува тенденцијата на намалување на значењето на овоштарството како гранка во анализираниот регион.
Податоци за пазарот на трудот*
*Извор: www.edusoft.com.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Copyright © 2010 Општина Кичево. All Rights Reserved |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||