 |

|
Едношалтерски систем
Нема повеќе чекање по шалтерите за подигање формулар. Сите обрасци се достапни
ТУКА
|

|
| |
|

|

|
On-line формулари
За да ве има во базата на податоци за град Кичево, треба да го пополните следниов формулар:
ЗА ФИРМИ
ЗА ЈАВНИ УСТАНОВИ |
| |
|
 |
Совет на Општина Кичево
За активностите на Советот на Општина Кичево, Седници на Совет, Службени гласници...
ТУКА |
| |
|
| |
|
| |
|
|
|
 |
|

Аматерски театар
....Само пред оклолу десетина години е формирано Драмското Студио кое за кусо време преминува во Аматерски театар кој предизвика голем интерес меѓу граѓаните - љубители на драмската уметност. Под Раководство на познатите актери од Битолскиот Народен театар, Петар Стојкоски Бабец и Ѓоко Ѓурчески, мошне устешно се реализирани неколку драмски претстави: Хајди, Македонска кравава свадба, Цигани, Госпоѓа Министерка и други.
....Градските изведби, во последно време се во фокусот на културните настани во градот. Полека но сигурно се создава театарска публика која знае да ги цени уметничките аматерски дострели. Во драмите се вкључени околу шеесетина од сите возрасти.
....На фестивалот за аматерси театри одржан во Кочани, драмската претстава Хајди беше добиткик на Гран-при. На истиот фестивал учествува Кичевскиот Аматерски театар учествуваше и со претставата Цигани од познатиот Риски писател А.С. Пушкин.
....
Исто така Аматерскиот театар со свои изведби гостувал во повеќе градови во Македонија: Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Скопје и многу други.
Библиотека "Кочо Рацин"
....
Библиотеката како културно образовна институција има значајно место и улога во културно просветниот живот во градот. Иако нема писмени документи за почетоците на библиотеката во Кичево, сепак се смета дека библиотеката е основана усте во 1945 година. Во изминатиот периодна повеќе од педесет години квалитетен развој, таа станува вистинско катче каде што младите генерации и граѓаните, преку користење на библиотечниот фонд на книги од различни области, го збогатуваат своето образование и култура. Од некогашните стотина книги сега книжниот фонд изнесува околу 70.000 книги.
....
Во 1963 година Библиотеката прераснува во Матична Библиотека така што вработените се вклучени во давањето на стручна на селските и училишните библиотеки.
....
Денес библиотеката е сместена во Домот на Културата, каде се вработени седум лица кои мошне успешно и професионално ја извршуваат својата работа.
....
Најпосетена е од ученици и студенти со дневна фрекфенција од 100 читатели, а ги има над 1.000 членови.
....
Во библиотеката се одвиваат и други активности: литературни конкурси по различни видови и теми, изложби на книги што се интересни за читателите, промоции на книги, средби и разговори со истакнати писатели, поети и млади творци кои го презентираат своето литературно творештво.
....
За досегашните постигнати резултати Библиотеката има добиено повеќе републички и општински признанија и награди како што се: Од заедницата на народната библиотека на РМ "Мито Зафироски", од КП заедницата во Македонија по повод месецот на книгата, од Општина Кичево по повод 50 годишнината од ослободувањето на Кичево и многу други.
.
Црква "Св. Петар и Павле "
....Христијанството во Кичево има долга традиција. Првите цркви се споменуваат во V и VI век, кога всушност и христијанството се шири во овие простори.
....Во самиот град постоеле 3 христијански цркви, кои во периодот на османлиското владеење се срушени. Сепак за нив постојат пишани документи и археолошки артефакти.
....Денес православните христијани своите потреби ги извршуваат во единствената градска црква посветена на светите равноапостоли Петар и Павле.
....Црквата е изградена на темелите на постар објект во првите години од минатиот век, а во нејзината околина се наоѓале и месните христијански гробишта кои денес ги нема. Градбата е започната во 1907 година, а нејзиното осветување е извршено во 1917 година. Денешниот надворешен облик со камбанаријата е надополнет неколку години подоцна, односно 1943 година. Во изминатите години се врши темелна реконструкција на црквата, се уредува нејзиниот ентериер и екстериер, со што се отсликува нејзината монументалност и архитектонски склад.
....Во близина на црквата е изграден комплекс од објекти кои се наменети за извршување на обреди, но и како помошни простории на храмот. Станува збор за крстилната, трпезаријата и библиотеката кои се изградени во изминатите десетина години со несебична помош и залагање на месното православно население.
....Во градот постои иницијатива за изградба на нова Црква која ќе биде посветена на Светите браќа Кирил и Методиј со што православните христијани ќе добијат втор црковен објект.
Манастир "Св. Богородица Пречиста"
....
Сместен во полите на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри, манастирскиот комплекс Света Богородица - Пречиста или попозната како Кичевска, кај секој намерник остава неизбришиви траги. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот манастир, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Но и едниот и другиот денес ги нема. Според преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во 1316 година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица.
....Чешмата и денес постои и ја гаси духовната жед на намерниците, но манастирот во 1558 година го палат Османлиите, во времето кога во Кичевско се уништени голем број цркви и манастири.
.gif) |
.gif) |
....
Само неколку години подоцна, односно 1564, месното христијанско население се обидува на старите темели да изгради нов манастир, кој набрзо потоа ја доживува истата судбина.
....Требаше да поминат векови, па дури во 1848 година повторно да заживее овој простор. Народните преданија зборуваат дека самиот Бог го одредил местото за зидање на новиот манастирски комплекс, посветен на мајката божја. Старата сребрена икона на Богородица, која и денес се чува во еден мал олтар над светиот извор, внатре во манастирската црква го дала и сеуште го дава благословот на сите верници. Се вели, дека таа во голем пламен виор прелетувала од разрушените зидини на Кнежинскиот манастир, означуваќи го местото каде треба да се гради новата црква. Народот поверувал на тоа, прифаќајќи дека тоа е пророштво кое мора да се исполни, па ја изградил најголемата и најбавата црква во тоа време, чиј радиус на сводот е најголем изграден на Балканот. Мијачките мајстори стрпливо работеле, а Дичо Зограф со своите ученици го направил чудото, во златните икони и резбаниот владички стол.
.gif) |
.gif) |
....
Овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали својот бог го нарекуваат Господ или Алах. Всушност внатрешноста на црквата така е направена, зашто под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го собере на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин по еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.
....
Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните зидови од црквата Света Богородица - Пречиста, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Отец Никола. Иако се наоѓа во истиот комплекс, за многумина таа останува непозната, зашто величината на црквата посветена на Света Богородица во целост ја засенува
.
.gif) |
 |
....
Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затварањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште.
....
Во овој манастир во дваесетите години од минатиот век прибежиште наоѓа големо братство руски калуѓерки, кои бегаќи пред налетите на црвеноармејците, својот духовен живот го продолжиле тука.
....
Колкаво е значењето на Света Богородица - Пречиста за Македонската православна црква, најдобро зборува фактот што во нејзините келии монашката одежда ја облекува првиот Архиепископ на возобновената автокефална Македонска православна црква, неговото блаженство Господин Доситеј.
....
А денес најмногу на празникот на Рожденство на Пресвета Богородица, на дваесет и првиот ден од септември, тука илјадници верници, за миг повторно го сопираат времето, подсетуваќи се на минатото и големината на овој свет храм.
Музеј на Западна Македонија
....
Со свеченото отворање на Музејот во Кичево на 11 октомври 1980 година се отворија големи можности за развој на културното наследство и негова заштита како дел од македонското и европското културно наследство.
....
Зградата во која е сместен Музејот датира од 1892 година, а е од посебно значење бидејќи во тект на НОВ тука престојувал Главниот штаб на НОВ. Постојаната поставка во Музејот ни ја прикажува борбата на македонскиот народ за слобода во 19 и 20 век, низ документи составени од автентични материјали, предмети, фотографии, скици, карти знамиња, макети, текстови. Треба да се споменат фреските и мозаиците во поголемиот дел на Музејот. Во одредени делови е прикажана и збирката на оружје штоја поседува Музејот, а со кое се борел македонскиот народ низ вековите.
 |
.gif) |
....Покрај историскиот дел, Музејот е и во постојана потрага по археолошки предмети. За таа цел се извршени поголем број археолошки ископувања, а вредни да се споменат се локалитетите Кнежински манастир, Миокази и Карбуница. Во локалитетот Кнежински манастир моментално е во тек археолошко ископување каде се пронајдени зидини, накит, а се отворени и повеќе гробови од среден век.

....Покрај самостојната музејска поставка, Музејот врши авторска и изложбена дејност, организира повремени изложби било да се самостојни, тематски или ликовни. Во Музејот се формира и етнолошка збирка која се состои од носии од кичевијата кој датираат од 19 век, предмети од покуќнина, народни ткаенини и слично.
....
Како најмаркантен просветно културен и историски споменик претставува (погоре споменат) манастирот Света Богородица Пречиста кој датира од 1316 година, а е возобновен 1850. Пречиста претставува колевка на словенската писменост и книжевност. Со посетата на манастирскиот комлекс ќе се осознаат архитектонските достигнувања на 19 век, резбата, иконографијата, словенската писменост и можноста за туризам што ја нудат обиколните конаци.
....Музејот претставува двигател и заштитник на културно историското мината на Кичево и Кичевско.
Китино Кале
....Тврдината Китино Кале е археолошки локалитет на кој досега не се вршени систематски испитувања. Сознанијата за овој дел од градот за кој локалното население со гордост си приспомнува, говорат дека тврдината опстојувала во праисторијата, а со тоа се потврдува мислењето дека тоа е најстара населба во градот. Случајните наоди во шеесетите години при уредувањето на калето откриени се византиски чанкасти монети и монети од времето на Кралот Волкашин. Една народна легенда вели дека тука, на калето, живеела една од сестрите на Крали Марко, Кита, по која, не само калето, туку и градот си го добил името. Делот од градот кој се наоѓа под калето и е една од старите населби се вика Подварош со што се гледа дека некогаш на калето опстојувал град, односно варош. Калето било опкружено со два реда цврсти тврдини, со неколку четвртасти кули. Под тврдините се наоѓале гробиштата на жителите на калето или градот. Некои од откриените гробници се правени на спратови, а месното население тврди дека тоа слугата е заедно погребуван со господарот.
 |
.gif) |
....Во 1741 година на еден дел од калето е изграден градскиот часовник. Во текот на XIX век во тврдината живеел Абди-бег со семејството, за кои работеле 400 чифлиџии. Во екот на превирањата во Турската Империја и одметнувањето на Али паша Јанински во тврдината се населува по лошо прочуениот Хамзи-паша. После тоа редовната турска војска го заробува одметникот и ја пали тврдината. Оттогаш во калето престојува само дел од турскиот гарнизон, а на подножјето на калето е изградена коњушница која во поново време се адаптира во градско кино.
....Во предвечерието на Илинден 1903 година 500 комити на чело со Лука Ѓеров, Арсо и Наќе војвода го нападнале турскиот аскер кој се наоѓал на калето и во месноста Јурија, при што убиле 20 војници. И покрај збунетоста на турците, востаниците се повлекле во оближните места. После доаѓањето на србите на овие простори Калето се уредува, а во текот на шеесетите години тоа уредување е доста поинтензивно, иако на штета на археолошката наука. Со секоја власт на Калето се поставувале нови споменици, а старите се демолирале. Во шеесетите години поставен е и споменик посветен на паднатата партизанка Олга Мицеска, меѓутоа споменикот не му се допаднал на еден политички моќник и за брзо време е срушен. На платото од Калето сега е останата само основата. Во текот на 1968 година тука е направена спомен костурницата посветена на паднатите жртви во текот на втората светска војна. Во тој период Калето повторно станува центар на градот. Пријатно место за рекреација и дружење преку денот и за вечерни забави.
КУД "Нико Пусоски"
....Општинското - матично, културно уметничко Друштво "Нико Пусоски" од Кичево е едно од најпознатите друштва од ваков вид во Република Македонија. Формирано е 1947 година, а никулците на неговиот зародиш се назираат од далечната 1937 година.
....Друштвото го носи името од кичевскиот првоборец Нико Пусоски, кој го положи животот за идеалите на слободата 1943 година.
....Во текот на шест децениското постоење на уметничката сцена, Друштвото со своите севкупни актерски, пејачки, музички и играчки квалитети, одсекогаш се одржува на високо рамниште на уметничката сцена и дава несомнено голем придонес во збогатувањето на културно - забавниот живот во општината, односно македонското поднебје и пошироко светот.
....Календарската периодична ретроспектива говори дек низ неговите редови поминале повеќе од 5.000 активисти експонирајќи ги своите квалитети низ хорските изведби, дувачки и блех оркестри, оркестар на народни инструменти и народен оркестар, односно играорните постановки со посебен белег на актерските остварувања, достигнувајќи до степен на полупрофесионален театар.
....Друштвото "Нико Пусоски" - Кичево има учествувано на сите организирани културни форми во земјата, како и на многубројни фестивали во светот, Австралија, Германија, Швајцарија, Полска, Франција, Турција, Унгарија, Југославија, Хрватска, Словенија, Бугарија и други места.
....Сценско - уметничките достигнувања се реализираат низ вредните раце на уметничките раководители, при што посебен белег оставаат презентациите на изборните играорни постановки и изучувањето и негувањето на изворната музика и мелос.
.gif) |
.gif) |
....Просторните услови и капацитетот на опременоста на Друштвото во последно време бележат нагорен и динамичен раст и се достојни за почит и внимание, пред се' благодарение на организационата поставеност на друштвото, чии членови, ја вложија сета своја умешност и знаење, во интерес на развитокот и негувањето на културните добра.
....Токму ваквата поставеност и организираност беа добар предуслов за мошне краток период да се постигнат врвни резултати, односно да се продолжи ритамот на изграденост.
....Друштвото располага со богат фолклорно - музички материјал и има снимено неколку телевизиски емисии, а располага и снимени свои видео и аудио касети.
....Мошне значајно е да се набележи дека од неговите редови изникна сега веќе надалеку познатиот естраден уметник Војо Стојаноски.
....За својот севкупен придонес во негувањето на фолклорот и развиток на културните добра, Општинското - матично, Културно - уметничко друштво "Нико Пусоски" од Кичево, покрај многубројните награди и признанија од државен и меѓународен карактер, по трет пат е носител на највисокото општинско признание и Наградата 11-ти Септември.
....Моментно својот труд преку организационите единици во Друштвото членуваат преку 120 активисти, вљубеници на културата.
Октет "Рацин"
....Октетот "РАЦИН" Кичево постои и работи во рамките на Спомен домот на културата "КОЧО РАЦИН" во Кичево веќе 8 години.
....Октетот "РАЦИН" ја продолжува културната традиција на староградската песна од кичевскиот крај испеана низ повеќевековната историја како дел на македонската разнолика музичка култура.
....Испеаните песни во духот на староградската песна го отсликуваат минатото и секојдневието на македонската градска чаршија.
....Покрај ваквите негувани и испеани песни во репертоарот на октетот запазени се лепеза на бројни наречени "бисери" на староградската чаршија и новокомпонирани песни во духот на староградската песна со традиционална музичка основа на која се надградуваат нови елегични, лирски и слични музички содржини.

....Октетот "РАЦИН" како изведувач на новокомпонирани песни, учесник е на бројни реномирани музички фестивали во Републиката, а од позначајните настапи треба да се одбележат:
....- "Охридски трубадури" во 1994, во 1995, во 1996, во 1997, во 1998 и во 1999 година, при што во 1997 година со песната на авторот Бошко Тренески со наслов ЈОВАНА, октетот ја освои третата награда на публиката што беше потстрек за уште поголеми ангажирања на планот на надоградување во музички смисол на зборот како и програмски и организациски.
....Високо изградениот музички критериум при изведбата на песните повторно беше крунисан на "Гоце Фест" Скопје во 1997 година со освојување на третата награда од жири комисијата на фестивалот. На истиот фестивал октетот учествуваше и во годините 199 |