 |

|
Едношалтерски систем
Нема повеќе чекање по шалтерите за подигање формулар. Сите обрасци се достапни
ТУКА
|

|
| |
|

|

|
On-line формулари
За да ве има во базата на податоци за град Кичево, треба да го пополните следниов формулар:
ЗА ФИРМИ
ЗА ЈАВНИ УСТАНОВИ |
| |
|
 |
Совет на Општина Кичево
За активностите на Советот на Општина Кичево, Седници на Совет, Службени гласници...
ТУКА |
| |
|
| |
|
| |
|
|
|
 |
|

.....За жал за градот Кичево може да се каже дека неговото историско минато не е баш јасно и познато. Историчарите забележале дека во близина на денешното Кичево постоел град Ускана кој се споменува во врска војувањето на Македонскиот Крал Персеј со Римјаните, во 170-169 година пред нашата ера. Други податоци не се познати, ниту со сигурност може да се каже каде бил и кој го подигнал.
.....Градот Кичево за прв пат се споменува во 1018 година во една повелба на Византискиот владател Василиј Втори, како место Кичавис кое во црковен поглед и припаѓало на Охридската Архиепископија и тоа по распаѓањето на Самоиловото Царство. Градот бил населен со племето Брсјаци кое претежно се занимавало со земјоделиеи сточарство.
.....Градот Кичево го споменува и Охридскиот Архиепископ Теофилакат во единаесетиот век а меѓу пишаните извори се споменува и Кически Триод пишуван од граматикот Георги.
.....Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска Држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино.
.....Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на четиринаесетиот век. По освојувањето, градот бил претворенвоен и а дминистративен центар. Со се' поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на деветнаесетиот век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.
.... Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе Кичевски села.
.....По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 Август кога востанието било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска Војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.
.....Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во невероватно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевско припаѓа по Италијанска окупација.
.....Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница.
.....Првото ослободување на Кичево доаѓа во 1943 година на 11 Септрмври веднаш по капитулацијата на Италија, а во овој период, се' до 1945 година Кичево било ослободувано дури шест пати. Ќе остане запишано дека тој е прв ослободен град во Македонија во текот на НОВ.
.....Посебна гордост на градот се двајцата народни херои Мирко Милески и Миха Михајлоски, а за сите 555 паднати борци е подигнат споменик Китино Кале.
.....Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември , Македонија станува независна Држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
|