|
|||||||||||||||||||||||||||
|
Локација ..... Сместена во пазувите на живописните планини Бистра, Стогово, Буковиќ, Добра Вoда и др. на површина од 49 км2, со преку 27.000 жители се наоѓа Општина Кичево. Ако патувате од главниот град на Република Македонија, Скопје, кон Охрид по западната магистрала, по изминатите 110 км ќе се сретнете со градот под Китино Кале - Кичево. Заради специфичната местоположба, Кичево претставува мошне важен сообраќаен јазол во западниот дел на Република Мaкедонија.
.....Патна мрежа
.....Исто така магистрални патишта го поврзуваат кицево и со останатите најблиски градови. Магистралниот пат за Прилеп преку Македонски брод , како и магистралниот пат за Битола преку Демир Хисар. ....Анализата на хидрографските услови во Кичевскиот регион наведува на заклучок дека овој терен е релативно богат со вода. Таа произлегува од многубројните реки рекички, водотоци и потоци кои се влеваат во реката Треска и преку реката Вардар во Егејското море. Треска извира кај селото Извор. Изворот е голем и обилен со вода изграден и регулиран со бетонска ограда. Туке е и изворот Студенчица кој извира кај селото Добреноец кој ги задоволува потребите за вода за пиење на поширокиот регион преку локалниот водовод.Останатите реки се посиромашни со вода.
|
||||||||||||||||||||||||||
| Copyright © 2006 Општина Кичево. All Rights Reserved | |||||||||||||||||||||||||||