| MK | EN | AL |
..
ЛИЧНА КАРТА НА ОПШТИНАТА ИСТОРИЈА ИНФРАСТРУКТУРА ЕКОНОМИЈА КУЛТУРА УМЕТНОСТ ЗА ОПШТИНАТА
 
 
АРХИВА РЦУК КИЧЕВО
ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ - линк

Со висок степен на интерес и внимание голем број  гости, медиуми и други присутни граѓани на Кичево ја следеа Показно-тактичката вежба за заштита и спасување од урнатини на училишен објект која се одржа на ден 26.05.2011 г. во ЦОУ „Санде Штерјоски“.

Раководителот на ПО РЦУК Кичево Сузана Тасевска беше кординатор на сите активности со цивилните структури за време на подготвките и реализацијата на вежбата, а тоа се претставниците на: АРМ ВП 2940 Кичево, ПО ДЗС Кичево, Општина Кичево, ТППЕ – Кичево, ПС Кичево, Црвен крст ОО Кичево и ЈЗУ Здравствен дом – Итна медицинска помош Кичево.

Самата вежба се организираше во координација со вежбата „Спасител 2011“ организирана од ВП 2940 Кичево, како дел од активностите на АРМ за Подршка на цивилни структури во справување со елементарни несреќи.

Основна цел на вежбата беше да се провери подготвеноста на вработените во ЦОУ „С. Штерјоски“ за брза евакуација на децата од училиштето, како и заедничката употреба, комуникација и кординација на силите на локалните и држвни субјекти во Системот  за управување со кризи. Особено беше значајно да се провери вклучувањето и содејството на силите  на АРМ со силите на цивилните структури, во справувањето со последиците според предвиденото сценарио. За првпат во нашата држава се организира  показно-тактичка  вежба на која практично се прикажа соработката на цивилните структури со АРМ во справувањето со катастрофи во училиште.

На вежбата и предходеа голем број подготвителни активности и тоа:

  • Вежба на карта одржана во просториите на командата на ВП 2940;
  • Обука на наставниците и другите вработени во ЦОУ „С. Штерјоски“ како  и неколку практични проби за евакуација на сите лица што во случај на ваква кризна ситуација би се нашле во училиштето;
  • Изработени и поставени се плановите за евакуација и други активности.

Вежбата заврши успешно и без никакви  проблеми.

 

 

 

Copyright © 2010 Општина Кичево. All Rights Reserved

Free Hit Counter Code