__________________________
ЧЕТВРТОК
22 јули 2010 година
22.07.2010 15:39
До крајот на годината остануваат уште 162 дена.
АСТРОНОМСКИ КАЛЕНДАР
Кичево
Сонцето во Кичево изгреа во 04:21:05, а ќе зајде во 19:03:36.
Денот трае 14:32:21 часа.
Месечината изгрева во 16:34:36, а заоѓа во 1:37:44 .
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
(Извор: AccuWeather)
Кичево
22.07.2010 15:39
КАЛЕНДАР ЗА ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ - ЛИНК
* * * ИНТЕРЕСНО * * *
ИЗГРЕЈСОНЦЕ, ЗАЈДИСОНЦЕ, ИНСОЛАЦИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ ... ЗА КИЧЕВО ... - ЛИНК
Температурата во Кичево изнесува 28 степени (RealFeel® 31).
Ветрот е со брзина од 5 km/h и насока југ - југозапад.
Воздушниот притисок изнесува 101,6 KPa и е со тенденција на стабилност.
Времето ќе биде променливо облачно со можно невреме во попладневните часови.
Температурата ќе се движи од 12 до 28 степени.

КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ВО КИЧЕВО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Петок 23.07.2010 година
Времето ќе биде претежно сончево и пријатно.
Температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.

Сабота 24.07.2010 година
Времето ќе биде претежно сончево.
Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

Недела 25.07.2010 година
Времето ќе биде претежно сончево со периоди на наоблачување.
Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

ЗАБЕЛЕШКА
Временската прогноза објавена на интернет страницата на Општина Кичево се однесува само за територијата на Општина Кичево и е променлива.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози.
На патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато сообраќајот сеуште се пренасочува по стариот пат Р-106 (од Ресен кон Битола и обратно) во должина од 5,5 километри.
На возачите им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони, ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово - Дебар. Внимателно и на патниот правец Куманово – Табановце каде се изведуваат работи на пат.
Интензитетот на сообраќај е зголемен надвор од градските средини, особено на патните правци кон туристичките места.
На граничните премини и покрај зголемената фреквенција на возила нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јули.
Денеска е
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е
НА ДЕНЕШЕН ДЕН
22 август 2010 (МИА)
1485.- Англискиот крал Ричард Трети загина во битката кај Босворт во борбата против единиците на Хенри Седми, основач на династијата Тјудор. Со тоа заврши „Војната на двете ружи“ - наречeна така, бидејќи династијата Ланкастр, со која Хенри Седми беше во сродство, имаше во грбот црвена, а династијата Јорк бела роза.
1642.- Во Англија почна граѓанската војна меѓу приврзаниците на круната и Парламентот, по изјавата на кралот Чарлс Први Стјуард дека членовите на Парламентот се предавници. Војната заврши во 1645 година, со пораз на кралот, кој врз основа на пресудата на револуционерниот суд беше погубен во 1649 година.
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1854.- Потпишана е Женевската конвенција за заштита на ранетите во војна.
1859.- Поради воените неуспеси, финансискиот крах на државата и отпорот на полициското репресивно движење на Хабзбуршката монархија, царот Франц Јозеф Први го смени дотогаш семоќниот министер за внатрешни работи Александар Бах, со што заврши епохата во историјата позната како „Бахов апсолутизам“.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси, прочуен француски композитор. Инспириран од симболизмот во поезијата и од импресионизмот во сликарството, тој создаде сопствен мајчин јазик и нов стил во музиката, импресионизмот. Неговото дело, засновано врз природната непосредност во изразувањето ја потисна Вагнеровата доминација и ги стави темелите на модерната музика. Дела: „Араберска“, „Бергамска свита“, „Детско катче“, „Естампе“, „Слики“, „Ноктурно“, „Море“, „Пет Бодлерови песни“, „Заборавени ариети“, „Галантни свечености“, „Пелеас и Мелисанда“, камерна музика. Умре во Париз, на 25 март 1918 година.
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите „Благородничко гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“, драмата „Еден месец на село“ и други. Роден е во Орел, на 28 октомври 1818 година.
1891.- Умре чешкиот писател Јан Неруда, кој одигра важна улога во формирањето на чешкиот реализам во борбата против малодушните сонародници кои беа под германското културно влијание. Дела: збирките раскази „Арабеска“, „Железнички работници“, збирките песни „Прости мотиви“, „Вселенски песни“, „Балади и романси“, „Песни на Велики петок“, есеите „Чешко општество“, „Литратура, театар, ликовна уметност и музика“, „Штетни насоки“, „Модерниот човек и уметноста“.
1910.- Царска Јапонија и формално ја анектира Кореја која дотогаш беше под контрола на Кина. Во Јапонско-кинеската војна кон крајот на 19. век. Токио го презеде политичкото и економското влијание во Кореја. Едноставно, оваа земја ја присоедини кон своето царство, се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи, сликата „Мона Лиза“, е украдена од парискиот музеј во Лувр. Две години подоцна, сликата е пронајдена во Италија.
1914.- Австроунгарија во Првата светска војна и објави војна на Белгија.
1923.- Во селото Сингелиќ, Скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, Кривопаланечко, на 22 мај 1944 година.
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен челични гради.
1940.- По атентатот во Мексико умре Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Со тоа убиство дојде до израз разузнувачката моќ на сталинистичката политика, во која, во годините пред Втората светска војна, беа ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, тој беше во бегство. Роден е во Ивановка, на 7 ноември 1879 година.
1941.- Трупите на нацистичка Германија во Втората светска војна допреа до Ленинград (денешен Санкт Петербург) со што почна битката за овој град, која заврши во јануари 1944 година со победа на советската армија. Иако во текот на опсадата и херојскиот отпор животот го дадоа околу 620.000 жители на градот, повеќето од глад, Ленинград не се предаде.
1942.- Умре рускиот балетски играч, кореограф и педагог Михаил Михаилович Фокин. Кореографии: „Шопенијана“, „Петрушка“, „Франческа да Римини“, „Шехерезада“, „Смртта на лебедот“.
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови Вардар-филм. Својата дејност претпријатието ја започна на 5 декември 1947 година.
1958.- Во Белград умре Стеван Христиќ, српски композитор, диригент, академик, професор на блеградската Музичка академија и основач и директор на Операта во Белград. Од неговите дела најпознати се музичката драма „Примрак“ и балетот „Охридска легенда“. Роден е во Белград, на 19 јуни 1885 година.
1958.- Умре францускиот писател Роже Мартен ди Гар, добитник на Нобеловата награда за литература во 1937 година. Дела: романите „Жан Боро“, „Семејството Тибо“, комедијата „Тестаментот на чичкото Леле“.
1978.- Умре Џомо Кенијата, еден од најистакнатите африкански борци против колонијализмот. Тој е еден од основачите и претседател на Африканскиот сојуз на Кенија, кој се избори за независност на земјата. Роден е во 1891 година.
1986.- Во Истанбул умре Џелал Бајар, претседател на Република Турција. По таткото на современа Турција - Кемал Ататурк и Исмет Инени, тој беше трет претседател на Република Турција. Роден е во 1884 година.
1990.- Умре Александар Николовски - Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на Нова Македонија, еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.
1996.- Конференцијата за разоружување во Женева, на која учествуваа 61 држава, заврши без успех, бидејќи Индија го блокираше договорот за сеопфатната забрана на нуклераните проби.
2004.- Во оружен грабеж на музејот на сликарот Едвард Мунк во Осло, пред голем број посетители е украдено неговото најпознато платно „Крик“.
2006.- Загинаа 160 патници и 10 членови на екипажот кога се урна рускиот патнички авион „Тупољев - 154“, 45 километри северно од Доњецк во Украина. Авионот леташе на линијата од Анапе на Црно Море до Санкт Петербург.
ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА
22 јули
Обичаи при раѓање и крштевање
Обичаи од личниот и семејниот живот во Малешевијата
Во Малешево сакаат да имаат деца, зашто во нив народот гледа продолжување на својот живот на земјата, како и наследници на куќата, имотот и родителските имиња. Затоа во поголем број случаи, по поголемите места многу се води сметка за трудната жена, која ќе го донесе тој нов живот. Но има места (Русиново) каде што трудната жена до самиот момент на породувањето ги работи сите работи било тие да се домашни или полски.
Кога во утробата на мајката детето ќе ги даде првите знаци на живот, трудната жена веќе почнува да внимава на себе си. Така таа тогаш не смее да јаде: бубрег, џигер и слезина – секако за здравјето на детето не смее да јаде месо од зајак- за детето да не спие како зајак; не јаде риба – детето да не рчи при спиење; не пие вода од лонец – на детето да не му биде широка устата. Ако трудна жена изеде туѓа слива или круша, а сопственикот на овошјето не забележи, на новороденото ќе му излезе белег (нишан) на телото. Се што јаде трудна жена треба да е видено, а не украдено.
Кога веќе ќе дојде време за породување, се внимава за тоа никој да не дознае. Тоа се смета како тајна од сите домашни за жената да не плати со главата. Ако случајно некој дознае дека родилката при породувањето се мачи, тој ги мие рацете и таа вода и се дава на родилката со неа и таа да се измие (за да се отстрани лошото влијание и несреќата).
Ако во куќата на родилката има некоја постара жена, може да и помогне при породувањето, користејќи го своето лично искуство. (Во градските населби во поново време се вика специјална бабица).
За детето полесно да се роди – и за д се отстрани несреќата, во тоа време се отвораат (се отклучуваат) сандаците, капиите, орманите, фиоките итн. а се спушта и јајце низ кошулата и облеката, да падне на земјата – за жената полесно да роди како кокошката кога снесува јајце. Наместо јајце може да се спушти и софаљка од разбојот, но и залак леб, кој потоа му се фрла на песот да го изеде. (Како што песот лесно се снаоѓа во секоја работа, така и детето брзо да се роди). Некои земаат и вода од воденичкото тркало и со таа вода ја прскаат родилката (брзо да роди како што водата брзо тече).
Кога ќе се роди детето за да е црвено го мачкаат со крв по образите и по устата, потоа го бањаат и повиваат во пелени. детето најпрвин го задојува некоја жена од соседството, која е со добар карактер – за и детето да биде такво. Додека таа жена го дои на главата и ставаат сито, пари, книга и молив – за детето да биде сито, богато и учено.
Кога детето ќе се роди тој ден жените месат кравајче и ги покануваат сите жени од соседството да го пробаат со шеќер и мед. Секоја својот прв залак го натопува во шеќерот и и го дава на родилката за да има млеко. Тој колач (кравајче) е замесен без квасец (бесквасен). Освен жените тој колач го пробуваат и децата од соседството. Тие се првите посетители на новороденчето и откако ќе го изедат колачот си одат.
На третиот ден по раѓањето на детето месат т.н. Богородичина погача и се готват доволно јадења и пиења и се викаат само жените (никогаш мажите) да дојдат на погача, каде што и ручаат. Пред ручекот секоја жена заедно со пијалокот на погачата го става својот дар што го донесла: кошула, капа, чорапи итн. а и по некоја пара. давајќи му на детето пари, му посакуваат да си купи: сон, среќа, браќа и сестри (ако ги нема) итн. По завршувањето на ручекот двете најитри жени (за детето да е итро, а не тромо), го завиткуваат детето во кожув и така малку го тркалаат по патосот каде што три пати го прескокнуваат кажувајќи притоа желби, ако детето е женско да е здраво и да биде вредна и добра домаќинка, а ако е машко да биде здрав и силен, да е јунак (а не страшлив) и да не се плаши од зимата. Потоа сите жени потопуваат по три прста од левата и десната рака во водата што е во садот на погачата. Со таа вода родилката ги наквасува своите две уши, за подобро да го слуша детето кога ќе заплаче. Од погачата што е месена тој ден ништо не се изнесува од куќата.
Првите два дена по раѓањето на детето родилката не се мие, на третиот ден се мие и се бања.
За да има млеко родилката, до четириесет дена не смее со никого да се ракува. За тоа време таа го кваси своето лице и лицето на детето секое утро и вечер со онаа вода која свештеникот ја дал по породувањето (ја донесла бабицата). Тоа се вика правење молитва.
Ако во соседството има во исто време две родилки, тие не смеат да се видат до 40 дена за да не им се случи некоја несреќа. За тоа обично меѓусебно си менуваат по некој предмет како обетки или прстен. Во текот на 40 дена на родилката и носат од соседите (и од фамилијата и од роднините) тиганици . Тоа е еден вид повојница. Ако за погачата кај родилката имало 60 жени тоа значи дека родилката ќе има и 60 тиганици (повојница). Се гледа секоја жена по еднаш да ја изврши таа должност. Од нивната храна прво каснува родилката, потоа другите. Во куќата на родилката во тие 40 дена има храна во изобилство .
Додека детето не биде крстено родилката не смее да оди подалеку од куќата.
Ако детето е многу болно се крштева веднаш по раѓањето, дома. Можат да го крстат мајката или бабицата велејќи: „Во имја оца и сина!“ – и потоа ќе го викнат на името што му го дале на пр. Јоване!
Ако детето е здраво го крштеваат по една недела. Крштевањето е во црквата по службата. На крштевањето кумот се кани со колач. Тогаш детето во црквата го носи бабицата, кумот дошол порано и го чека кумчето.. За време на крштевањето кумот го држи детето во рацете. Откако тој обред ќе заврши тој пак го зема само повиено и тоа со дарот што му е донесен и го носи дома во друштво на бабицата и на уште некое дете. На куќната врата детето го пречекува мајката каде што кумот и го предава зборувајќи: „Ти ми го даде Еврејче, јас ти го давам рисјанче (или: ти ми го даде непросветено, јас ти го давам просветено.). Кога тоа ќе го изговори кумот три пати и на мајката ќе и го каже името и го предава детето.. Мајката земајќи го детето на кумот му бакнува рака и на рамото му става дар – чорапи или крпа. По кумчето во собата влегува и кумот каде што се почестува со пиење по што си оди дома. На пладне го канат кумот на ручек каде што идат уште 2-3 гости. За ручек се готви се што е најубаво. Пред ручекот мајката ги дарува сите присутни. Даровите се: кошули, чорапи, крпи итн. Сите тие дарови им ги префрлаат на гостите преку едното рамо и така им стојат за време на ручекот. Овој обичај полека исчезнува.
По ручекот наздравуваат. Притоа се изразуваат желби детето да биде здраво и напредно и идната година да се роди друго (дури и две). По ручекот гостите си заминуваат во своите домови.
На третиот ден по крштевањето лично кумата доаѓа да го избања детето. Таа во таа пригода во коритото фрла пари, веројатно детето да биде парајлија (секогаш да има пари). До тој ден мајката не го бања своето дете, а откако кумата ќе го избања потоа таа должност ја презема мајката. На четириесеттиот ден мајката со детето оди во црквата каде што свештеникот им чита молитва. По службата мајката го носи детето кај своите роднини. Тоа и е прва посета со новиот член на семејството.
Кај првите деца сите обичаи околу крштевањето се вршат целосно и со поголема волја и со повеќе трошоци (како во пари, така и во дарови), додека кај третото, четвртото или петтото се се сведува на она што е најнеопходно, а тоа е само да се крсти. Суеверие кај новородените деца има многу (во старо време имало повеќе) од кои ги споменуваме само поглавните:
Детето никогаш дома не се остава само, а ни мајката. Ако останат сами на креветот се става метлата.
Пелените се внимава да се соберат пред да зајде сонцето. Тие надвор не смеат да преноќат.
Кога детето за прв пат ќе биде однесено во некоја куќа, по телото му ставаат брашно или јајце да биде секогаш бело и чисто.
Од погачата се остава еден залак за родилката. Таа тоа го чува во сандукот за додека раѓа деца да има доволно млеко.
Кога на првото дете ќе му падне папукот се чува за жени што немаат деца. Кога тој папук ќе се измие и таа вода некоја жена што нема деца ќе ја испие се верува дека ќе роди дете.
Кога детето заодува, престапува, му се меси колач (престапуљка) на која ставаат пари, хартија, молив, вретено, игла, чекан (за машките и за женските различно). Се верува дека на детето главно занимање ќе му биде тоа што најпрвин ќе го фати со раката.
Третата вечер по раѓањето кога детето ќе се залула во лулката му ставаат пари. Се верува дека таа вечер божјите наречници на детето му ја одредуваат судбината односно каква среќа ќе има.
За некој да не го урочи детето му се става над главата лук и пари.
Во старо време кога ќе се родело детето бил викан свештеникот за да му прочита молитва. Пред читањето на молитвата детето се бањало во коритото со верување дека со тоа се мие од гревовите. Навечер му се ставало јајце за детето да биде бело. Кога за прв пат детето се задојувало мајката во устата држела златна пара. – за подоцна детето да биде богато. (Тогаш кумот се канел со специјално нашарен колач – во форма на празничен. Кумот го дарувал детето. По крштевањето на првото дете се правела гозба.)
Кога некому не му траат децата, тогаш бабицата и уште некој од куќата го однесуваат тоа новороденче на раскрсница каде што се чека некој да помине. Тој што прв ќе помине, било од која да е вера, на детето му станува побратим и кум. Бабицата обично гледа од страна и кога некој ќе наиде му вика: „Тоа ти е среќата“. Тој веднаш е свесен за својата нова должност, зашто тој обичај му е познат, и се согласува да го крсти детето при што добива дар. Од ова се гледа дека во народот постои мислење дека некому не му траат децата затоа што кумот не е среќен и тогаш треба да се смени тој кум. Значи во интерес на подмладокот кумството може да се менува и тоа не се смета за грев. А на стариот кум му е криво и му е тешко кога гледа како кумчињата му умираат, па и тој не се лути кога го менуваат.
Детето родено во седмиот месец се вика седмак. За него се верува дека ќе живее. Од осум месеци не може да живее.
Кога детето ќе се роди ситно (закржлавено) се бања во водата во која се тура една лажица зејтин.
Детска храна. – Кога родилката нема доволно млеко детето мора да се храни. Храната му се состои од масло, шеќер и ореви (што се купува за тесто) вака: Во сад се топат 100 грама масло. Кога ќе ја снема пената се тура три лажици ситен шеќер и ситно (како брашно) истолчен орев. Тоа се меша додека не стане густо. За детето побрзо да заспие, а и да се згои во таа смеса се додава малку афион (колку пченично зрно). Кога детето ќе се избања се храни со оваа смеса. Од афионот тоа ќе се испоти и ќе заспие (а не плаче). Со афионот раководи само едно лице за на детето да не му се даде многу, па да умре (како што имало такви случаи).
Од книгата „Малешево и Малешевци“, од Јеремија Павловиќ, Београд 1929 г.
(Подготви Марко Китевски)
НАСЛОВИ - 24 ЧАСА
21 јули 2010
- Постигнат договор за измените на собранискиот Деловник
- Камерoн: Британија и натаму силно ќе ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО
- Кнаус: Македонија заслужува преговори со ЕУ, но тоа е невозможно без решение за името
- Владата ќе им дава по 600 денари на социјално загрозените семејства за плаќање струја, парно или огревно дрво
- Пешевски: Измените на Законот за јавни набавки се чекор напред
- Мухамед Хоџа нов владин портпарол
- Во Кочани откриена недозволена трговија со 550 грама наркотична дрога - амфетамин
- Буџетскиот дефицит на Албанија двојно поголем од планираниот
- Во првите шест месеци во Албанија престојувале над милион туристи, меѓу странците најбројни Македонците
- Рамуш Харадинај уапсен во Косово по налог на Хашкиот трибунал
- КФОР се подготвува да се справи со секое евентуално насилство
- Бугарија го одобри договорот за гасоводот „Набуко“
- Сопствениците на бензиски пумпи од Северна Грција незадоволни поради „одливот“ на потрошувачи во Бугарија
- Атина чека „зелено светло“ од Брисел за продажба на железниците
- Најавено намалување на пензиите и платите во Хрватска од 10 до 15 отсто
- „Фајненшл тајмс“: Зголемено е влијанието на Турција во регионот на Балканот
- Лидерот на ПКК Мурат Карајалан предлага примирје, Турција не коментира изјави на терористи
- Ексхумирани останките на сопружниците Елена и Николае Чаушеску за ДНК анали
- Брисел подготвува стратегија за внатрешна безбедност на ЕУ
- Брисел планира до 2020 година на половина да ги намали смртните случаи на патиштата во ЕУ
- Саркози се залага за „фискално приближување“ на Франција и Германија
- Саркози му објави војна на урбаното насилство
- Во акција на италијанската полиција уапсени 67 лица за поврзаност со калабриската мафија
- Шпанскиот Парламент отфрли предлог за забрана на бурка на јавни места
- Две жртви во терористички напад во хидроцентрала во Русија
- Британските астрономи открија ново „сонце"
- СЗО укажува на големи разлики во борбата против ХИВ вирусот во Европа
- Расмунсен вети дека ќе ги задржи војниците на НАТО во Авганистан се додека безбедноста тоа го налага
- Најмалку 28 загинати при бомбашки напад во ирачкиот град Бакуба
- Нафтената дамка во Жолтото Море се заканува со еколошка катастрофа
- Клинтон и Гејтс со поддршка за Јужна Кореја
- Американска компанија претстави ласерско оружје
- МААЕ: Светот располага со доволно ураниум за 100 години
НАЈАВИ И НАСТАНИ - МАКЕДОНИЈА
22 јули 2010
Скопје - Премиерот Никола Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на две тениски игралишта во населба Тафталиџе. (ОУ „Јан Амос Коменски“/12:00)
Скопје - Францускиот министер за европски прашања Пјер Лелуш во посета на Македонија.
- Средба со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски (Влада на РМ - изјави за медиуми/10:15; инсерти/9:30)
- средба со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. (вила Водно/12:00)
- Средба со премиерот Никола Груевски (Влада на РМ/15:00)
Скопје - Висока воена делегација на вооружените сили на Србија предводена од началникот на ГШ генерал-потполковник Милоје Милетиќ во тридневна официјална посета на АРМ.
Скопје - Предавање во употреба на реновираните адвокатски и санитарни простории во Притворското одделение во Затворот Скопје и ставање во функција на новиот алармен систем и системот за видеонадзор. (Затвор Скопје/11:00)
Скопје - Прес-конференција во Министерството за образование и наука. (12:00)
Новаци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ќе ги обиколи полињата со пченица во ЗИК „Пелагонија“ и ќе се информира за текот на жетвата и откупот на пченицата. (изјави за медиуми - Дирекција на ЗИК Пелагонија/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала 4/11:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија. (сала 3/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за странски инвестиции и Травел ченл интернешнл. (Куршумли Ан/13:00)
Скопје - Седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини. (Град Скопје барака 4/12:00 - изјави за медиумите/13:30)
Скопје - Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски ќе го пушти во употреба игралиштетото за одбојка на песок на Градската плажа на кејот на Вардар.(19:00)
Скопје - Прес-конференција по повод започнувањето на петиот турнир во одбојка на песок „Beachvolleyball Ohrid 2010“. (Простории на Агенција за млади и спорт/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). (Пошта 2/11:00)
Скопје - Потпишување меморандум за соработка меѓу Организација за промоција на турскта култура во Македонија ТИКА и Музејот на Македонија. (Музеј на Македонија/11:00)
Битола - Изјава на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Индустиска зона/11:00)
Битола - Прес-конференција на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија. (ресторан „Корзо“/10:00)
Битола - Прес-конференција на Фестивалот „Локумфест“. (Прес центар/11:30)
Струга - Хуманитарен хепенинг по повод шестгодишнината од протестите во Струга. (Зграда на политички партии/21:00)
Кавадарци - Отворање на самостојната изложба на ликовниот уметник Тони Чатлески од Прилеп во рамките на манифестацијата „Кавадарци град на културата 2010“. (Галерија при Дом на култура „Иван Мазов Климе“/21:00)
Битола - Изведба на театарската претстава „Сон на летната ноќ“ на рускиот театар „Вера Комесаржевскаја“ во рамките на „БитФест“.(Хераклеа/21:00)
____________________
ИЗВОР: МИА
22.07.2010